Бергузар Корел, актерката која кај нас е попозната како Шехерзад од нејзината улога во „1001 ноќ“, пред два месеци објави дека го чека своето трето дете со сопругот Халит Ергенч кој е исто така нејзин колега, најпознат по улогата на Сулејман Величествениот.
Ова беше изненадување за сите затоа што пред околу една година таа се породи и го донесе на свет своето второ дете, поради што ја стави и кариерата на пауза, па во последните три години не ја гледавме во телевизиски проекти, а потоа, токму во моментот кога започна да снима нова серија, мораше да ја прекине бидејќи остана во блажена состојба.
„Бог знае дека многу го посакував ова. Нашето семејство, нашите најблиски пријатели, нашите најдобри пријатели, сите тие знаеја дека го сакаме ова. Да имаме големо семејство, да имаме здрави и среќни деца. Нека конечно пристигне девојчето“, напиша Бергузар покрај објавата.