50-годишната манекенка Паулина Поризкова не се плаши од стереотипите кои често им се поставуваат на жените, па нејзината објава на социјалната мрежа Инстаграм многумина изненадила.
Познатата дама позирала целосно гола.
„По работа и лежерна купка ми беше здодевно, што доведе до оваа прослава на нарцисоидноста – голо селфи“, напишала Паулина позирајќи во еден од хотелите во Рим.
„Уште што требаше да направам? Мислам, освен работите како читање добра книга или гледање италијанска телевизија“, додала таа.
„Но, се натерав себеси да се запрашам што би се случило доколку на маж му подарите огледало и камера и многу слободно време наместо жена“, напиша манекенката.
Шведската манекенка исто така имала порака и за сите оние на кои не им се допаѓа голотијата:
„А, за сите оние кои тешко ја поднесуваат голотијата, ова сигурно не е место за вас“.