Шармантната актерка го живее животот во полн сјај и не крие да се заблагодари на Бог што се венчала за помлад човек од неа три децении.
Популарната британска актерка Џоан Колинс е една од холивудските легенди и диви која ја гледавме во серијата „Династија“ во улогата на Алексис, а таа во мај ќе го прослави 90-от роденден.
Сепак годините не ја спречуваат да уживa во животот, а исто така е и во одлично здравје, но и изминативе години имала среќа во љубовта.
За тоа како изгледа не треба да се трошат зборови – Џоан била прекрасна и во 20-тите, 30-тите, 40-тите, но и во 90-тите години од животот го одзема здивот.
Актерката празничните денови ги поминува уживајќи во бикини, по цел ден се сонча и капе во вила на Беверли Хилс, а со следбениците на Инстаграм споделила и еден забавен момент.
Имено, таа објавила фотографии на кои открила дека изминатите празнични денови ги поминува прекрасно, а на првата фотографија ја гледаме Џоан во бикини со леопардски принт.
Исто така има и фотографии од нејзиното семејство, а најзабележителна била онаа со нејзиниот сопруг Перси Гибсон со кој Џоан ужива веќе 20 години.
„Изгледаш прекрасно“, „Секогаш си насмеана“, „Заслужи да уживаш Џоан“, „Ова не е фер, ти и на 89 години изгледаш подобро отколку јас на 57“, коментирале луѓето под фотографиите.
По четири брака, Џоан во 2002 година го запознала холивудскиот продуцент Перси Гибсон и парот од тогаш е нераздвоен.
Како што во една прилика актерката истакнала, во годините на Перси е тајната на нивната среќа.
„Му благодарам на Бог што се венчав за него кој е 30 години помлад од мене. Не би издржала со некој кој ми е врсник“, изјавила актерката.