(ФОТО) Годините ништо не и можат, Хелена Кристенсен позира во секси долна облека

Познатата 52-годишна манекенка Хелена Кристенсен објавила низа нови фотографии на кои позира во сексапилна долна облека.

Таа ја покажала одличната линија на телото, а провокативните фотографии на славната убавица, која некогаш беше ангел на „Викторија Сикрет“, предизвикаа воодушевување, но и критики од нејзините фанови.

„Прекрасна жена без пластични операции“, „Твојата убавина е чиста уметност“, „Кога сите вака би старееле…“, „Изгледаш неверојатно“, „Вистинска, природна убавица“, се само дел од комплиментите кои Хелена ги добила.

Но, од друга страна имало и многу критики – јавноста ѝ замерува дека таа претерува со разголените фотографии и дека тоа не ѝ треба во нејзината блескава кариера.

„Зошто започна да се соблекуваш на стари години?“, „Изгледаш совршено, но зошто постојано потенцирање голотија?“, се дел од коментарите во тој манир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e