Популарната данска манекенка Хелена Кристенсен која во текот на 90-те години ги освојуваше светските модни писти, пред неколку години го прослави 52-от роденден, но стареењето не ја спречува да го покажува својот сексапил.
Ова е дама која старее баш како и виното – со текот на годините станува сè похаризматична и поубава, а неодамна објави и серија фотографии во бикини покажувајќи го своето витко и затегнато тело.
Хелена позирала во црно бикини со длабок горен дел, а нејзините долги убави нозе и деколте мамеле воздишки. Кој би рекол дека веќе „гази“ во 6-та деценија.
Славната убавица која некогаш била дел од ангелите на „Викторија Сикрет“ позирала топлес и со цвет во косата, а нејзините следбеници биле воодушевени од глетката, па не е ниту чудно што собрала толку многу допаѓања и комплименти.
„Восхитувачки“, „Како е можно да изгледаш толку добро?“, „Преубава си“, „Срцето ми запре“, се само дел од коментарите.