Згодниот италијански пејач Дамијано Дејвид, кој ги полуде девојките ширум светот по победата на Евровизија со бендот Манескин, ниту овој пат никого не остави рамнодушен.
Дамијано се појави со членовите на бендот на доделувањето на „MTV Europe Music Awards“, а по втора прилика донесе попредизвикувачки, но и пореток стајлинг.
Италијанецот по кој лудуваат многу жени ширум светот, облече кратка проѕирна блуза, така што му се гледаше стомакот, но долниот дел од стајлингот е целосно луд.
Дамијано носеше кожени гаќички со трегери, мрежести чорапи и чизми со длабоки потпетици.
Целиот стајлинг го комплетираше со црни ракавици и обетки, а како што веќе сме навикнати од него, имаше и шминка на лицето.
Остатокот од бендот Манескин имаше интересни комбинации на облека и сите беа нашминкани, но сепак најмногу се истакна Дамијано, па не е чудно што фановите беа целосно „луди“ поради неговиот стајлинг.
„Тој знае како да привлече внимание“, „Подобар дечко од сите“ алфа мажјаци“, „Италија што ја сакаме!“ „Сите сме толку горди на тебе“ Зошто таков стајлинг?“, се дел од коментарите.