Згодниот италијански пејач Дамиано Давид по победата на Евросонг со бендот Манескин го привлече вниманието на понежниот пол.
Дамиано често објавува фотографии со кои ги остава фановите избезубени.
Овој пат Дамиано објави како позира во плетено боди и чизми.
„Јас не стареам, само станувам се повеќе секси“, напишал Италијанецот со објавата и за кратко време собра повеќе од еден милион лајкови.
„Зошто си го облекол тоа?“, „Ти си Италијанец, нормално е да си згоден“, „Ги фрли сите жени во транс“, „Не можам да го одвојам погледот од неговото тело“ – се само дел од многуте коментари.