46-годишната Ева Лонгорија се појавила на свечената церемонија на отворањето на „The Academy Museum of Motion Pictures“ во Лос Анџелес.
Актерката со својата појава никого не оставила рамнодушен бидејќи избрала неверојатна креација за овој настан.
Ева го воодушеви модниот свет со едноставен, а сепак моќен и ефектен фустан кој го нагласил она најдоброто кај неа. Славната актерка прошетала во црна, долга кадифена тоалета која ја следи линијата на телото, а истата имала дискретна сатенска лента во пределот на струкот.
Со оваа креација, Лонгорија се пофалила со виткото тело, но нешто друго го украло вниманието овојпат – нејзиното бујно деколте.
Иако софистициран и отмен, фустанот на Ева имал еден исклучително секси детаљ – необично, длабоко деколте кое актерката совршено го изнела, така што не делувало нималку вулгарно.
Таа ја надополнила целата комбинација со скапоцени дијамантски обетки, нежно навиткана коса и впечатлив кармин кој придонел да изгледа уште погламурозно.