Манекенката Емили Ратајковски продолжува да се фали со затегнатото тело само шест месеци по породувањето и по раѓањето на синот Силвестер Аполон Бер.
Емили прошета во минијатурно виолетово бикини на шоуто на Ријана Savage x Fenty во Лос Анџелес.
Виолетовото бикини со висок врат немаше прерамки, а Емили во комбинација со него носеше високи потпетици, покажувајќи совршени нозе додека нејзината коса беше плетенка.
Во текот на целата бременост, манекенката објавуваше голи фотографии на својот Инстаграм, па може да се види дека го вратила стомакот за неверојатно кратко време, а се чини дека нејзината фигура е целосно непроменета.
Емили стана позната во видеото „Blurred lines“ од Фарел Вилијамс, а кога песната стана летен хит, стана вистинска sвезда.