Познатата македонска фолк-пејачка, Елена Велевска, отпатува во Дубаи, каде е сместена во еден луксузен хотел. Пејачката сега секојдневно споделува дел од атмосферата на Инстаграм и ја покажува на своите фанови, кои од раскошните глетки и скапите детали остануваат без здив.
Од овие објави можеме да видиме и дека покрај хотелот, скапите ресторани, плажите и посетата на најразлични знаменитости, Велевска ужива и во ноќниот живот.