Eдна од најубавите, но и најпопуларните водителки и инфлуенсерки во нашата земја, Лила Филиповска со секоја своја објава привлекува големо внимание и низа лајкови на социјалните мрежи.
Таа на својот Инстаграм профил споделува фотографии од секојдневниот живот на кои едноставно е секси и заводлива, но исто така знае да сподели фотографии и од нејзиниот домашен амбиент, а и од нејзиниот омилен мачор.
Овојпат Лила сподели една поинаква емотивна објава со која го честиташе 27 роденден на нејзиниот син Филип.
„Еден живот една љубов…син, другар, поддршка, заштитник веќе 27 години…ете затоа сум толку силна ❤️Најсреќен роденден Филипе мој да си здрав, жив и најсреќен…и уште долго да ме чуваш, браниш, пазиш и мазиш… те сака што би рекол ти мајка ти Лиле Филипова“, напиша лила во честитката.