Џенифер Лопез објави фотографија на Инстаграм со нејзиниот татко Дејвид Лопез и започна лавина коментари токму поради неверојатната сличност.
Имено, пејачката и актерка му се обрати на својот татко по повод Денот на таткото, кој се слави во Америка, а истото го сторија и други јавни личности. Таа на својот профил објави две фотографии на кои позира со нејзиниот татко.
– Тато, нема доволно зборови за да опишам што ми значиш … Те сакам засекогаш … од секој поглед! Среќен Ден на татковците на сите неверојатни татковци кои се таму секој ден за своите деца !! Вие сте потребни и ценети и сакани повеќе отколку што веројатно некогаш ќе знаете. Денес го славиме вашиот ден !!! – напиша Џенифер под објавата.
Дека овој потег ги воодушеви обожавателите на пејачката докажуваат коментарите кои постојано доаѓаат и фактот дека објавата многу брзо доби скоро милион и пол лајкови.
„Како изгледаш:„ Прекрасно е што толку многу го сакаш татко ти “,„ Верувам дека е горд на каква ќерка има “,„ Близнаци “,„ Имате исто лице “,„ Дали е тоа можно да си личите толку многу “… се само некои од вкоментарите.
Врз основа на сликите може да се забележи дека таткото и ќерката изгледаат многу слично, а сличноста е уште поизразена на фотографијата каде Џенифер е дете.