(ФОТО) Џастин Тимберлејк за првпат објави фотографија од вториот син

Џастин Тимберлејк на својот Инстаграм профил ја објави првата слика на неговиот син Фајнс во емотивна објава за Денот на татковците.

Пејачот објави ретки семејни фотографии и на тој начин даде увид во неговиот приватен живот со неговата сопруга Џесика Бел, едногодишниот син Фајнс и шестгодишниот Силас.

На една од фотографиите објавени од Џастин, тој игра видео игри со своите синови.

„Да се ​​биде татко е подобро отколку што можев да замислам. Благодарен сум им на татко ми и на дедо ми што ме изведоа на вистинскиот пат, правеа жртви за да можам да ги живеам своите соништа и што ме научија дека реалниот живот се случува во малите моменти. Среќен ден на татковците“, напиша пејачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e