(ФОТО) Два милиони лајкови за еден ден собра фотографијата на Бекамови

Прославениот англиски фудбалер Дејвид Бекам им посака честит Божиќ на фановите на социјалните мрежи.

Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид објави фотографија, која за само неколку часа собра дури милион лајкови на Инстаграм.

– Среќен Божиќ – напиша 46-годишниот Бекам, со семејна фотографија.
Целото семејство Бекам, се совршено усогласени за празникот. Момците во семејството носат костуми, додека Викторија се одлучила за елегантен темно-зелен долг фустан, на кој има интересен дезен. А најмалиот член во семејството пак носи фустанче во краслко сина боја и во рацете има интересен аранжман со цвеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e