Луна Џогани не ја ипушта од рацете својата ќерка и како што изгледа ужива во мајчинството.
Џоганиева објави нова фотографија на Инстаграм на која позира со пелена на рамото, а сите забележаа дека Миа, иако има неполни еден месец, веќе има косичка.
„Душата на мојата душа“, напиша Луна и емотивниот поглед ги омекна нејзините придружници.
Џоганиева неодамна зборуваше за мајчинството и рече дека таа и нејзиниот сопруг Марко Миjковиќ подеднакво се грижат за својата ќерка.