Актерката Лидија Вукиќевиќ, како што многумина велат, е жена со безвременска убавина и некоја на која времето одамна застанало, дури и по толку години не престанува да ви го одзема здивот.
Со специфичен изглед, кадрава коса и долги нозе, актерката е миленичка и на машката публика и на женската популација.
Таа на својот Инстаграм профил објави видео на кое позира во едноставна, црно-бела комбинација, но и во овој аутфит изгледаше беспрекорно.
Белата блуза со умерено деколте и црни панталони ја истакна нејзината извајана фигура, па на многумина им е тешко да поверуваат дека актерката е во седмата деценија од животот.