Познатата убавица Деми Роуз на промоцијата на нејзината нова модна линија Pretty Little Thing се појави во провокативно секси издание, на прв план ставајќи нејзините раскошни облини.
Таа се појави облечена во портокалов фустан којшто повеќе открива отколку што покрива и самоуверено позираше пред новинарите.
На Instagram објави фотографии од новата колекција, а во еден од описите додаде дека „сите заслужуваат да се чувствуваат силно и дека оваа колекција тоа го овозможува, односно дека линијата е „форма на лична експресија, полна со секси смели парчиња облека кои ќе се носат со самодоверба“.