Познатата актерка Деми Мур (59) се појави на доделувањето на Британските модни награди 2021, кое се одржа во Ројал Алберт Хол во Лондон, но наместо гламурозниот тоалет што го донесе, сите ја коментираа драстичната промена на нејзиното лице.
Имено, трагите од естетските зафати на лицето кое таа го работеше стануваат се повидливи, па не ги пропуштија присутните гости. Повеќето мислат дека таа веќе претерала, и дека изгледа малку искривено и неприродно.
Популарната 59-годишна актерка носеше коктел фустан со отворени раменици кој ја истакна нејзината фигура, но она што привлече поголемо внимание е нејзиното издолжено лице кое сега изгледа позаоблено.
Трагите од брчките кои исчезнаа дополнително ги истакнаа нејзините јаболчници, нејзиниот тен беше неприродно мазен, додека кожата од самиот врв на челото до под брадата беше позатегната од кога било.
Корисниците на социјалните мрежи беа шокирани од изгледот на популарната актерка, а нејзините нови фотографии ги преплавија светските медиуми.
„О Боже, таа го уништи тоа убаво лице“, „Зошто го направи тоа?!“, „Како Деми Мур успеа да го направи своето лице да изгледа како некој да го завиткал со жица околу него?“, Дали се само некои од живите коментари на социјалните мрежи.