Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ веќе неколку дена престојува на крајбрежјето по спектакуларниот концерт во Црна Гора.
Ражнатовиќ ужива да биде со нејзината ќерка Анастасија и пријателите во Будва, дење поминуваат на плажа, додека навечер излегуваат.
Цеца денес возеше јахта, а беше фотографирана како седи на оградата во бикини над кое имаше наметка што беше раширена во долниот дел.
Фолк sвездата ги истакна своите долги нозе во преден план, а поради целокупниот стајлинг и впечаток, многумина коментираат дека Ражнатовиќ изгледа како грчка божица.
„Убава“, „Цецо, убава си“, „Изгледаш како грчка божица“, „Прекрасна жена“, „Каква глетка“, „Имаш најдобри нозе“, „Убава“, „Благослови Богдан какви жена што ја има покрај себе “, се само дел од коментарите.