Манекенката и една од најубавите жени на светот, Ирина Шајк, ги изненади фановите со голема промена на имиџот.
Имено, Ирина на забавата на Булгари се појави во „бомбастичен“ стајлинг, а покрај необичниот аутфит, ја сменила и фризурата.
Атрактивната бринета, позната по бујната, долга коса, се појави со кратка коса, и наместо со помпезен волумен, го избра познатиот „влажен“ изглед.
За оваа пригода, манекенката избрала огромни фармерки, додека својата бујна фигура ја истакнала со портокалов ПВЦ корсет.