Бритни Спирс објасни зошто во последно време на својот Инстаграм профил објавува топлес фотографии. Како што наведе, сака да се ослободи “синџирите”.
Нејзиниот татко, Џејми Спирс во изминатите 13 години ја имал контролата над нејзината кариера, приватен живот и финансии, а минатата седмица се согласи да отстапи од функцијата на старател.
“Веројатно се прашувате зошто дури сега го покажувам телото. Бидејќи на овој свет пристигнав гола. Имав чувство како да носам товар на рамената и се набљудував сама себе низ таа призма”, истакна Бритни.
Спомнала и дека сакала да се види себе си на “опуштен начин, гола, како од мајка родена”.
“Кога ги гледам моите фотографии сфаќам дека болката и солзите не се дел од мене. Сакам да се ослободам од синџирите. Јас сум преубава, чувствителна жена која себе треба да се набљудува во најприродна форма”, посочи Бритни Спирс.