Принцезата на поп-сцената Бритни Спирс ги изненади своите обожаватели со неколку фотографии на кои позира полугола, а минимален дел од интимните делови од телото покри со емотикони.
Имено, Бритни моментално се наоѓа во Лондон, а нејзините следбеници решила да ги почести со слики од хотелската соба.
Пејачката сподели фотографии на кои позира на кревет, облечена во сино-црни гаќички со леопард принт.
– Будење во Лондон со мојата Кабо танга – напишала Бритни како опис на една од фотографиите на која градите ги прекрила само со дланките.
Таа не застана тука, па објави фотографија на која е целосно гола, но стави емотикон со срце на најинтимните делови од телото за да спречи Инстаграм да ја цензурира.
Под фотографијата на Бритни Спирс имаше позитивни коментари, но имаше и такви кои ја осудија пејачката.
„Многу ми е мило што те гледам среќна“, „Ти беше и се уште си најдобра“, „Брит кралица“, „Каква бомба“ „Никој ништо не ти може“ „Стоп, ова не е нормално“ Зошто, само зошто?” само дел од коментарите под фотографијата.