Бритни Спирс предизвика загриженост кај нејзините обожаватели откако на нејзиниот Instagram објави 12 фотографии на кои е целосно гола.
„Фотографии од моето последно патување во Мексико, пред да останам бремена“, напиша таа и додаде: „Зошто, по ѓаволите, изгледам десет години помладо на патувањата?“
Во коментари, обожавателите изразија загриженост за 40-годишната пејачка и нејзиното здравје, сакајќи да знаат зошто неколку пати објавува иста фотографија. Некои ја критикуваат бидејќи сметаат дека премногу се открива пред обожавателите.