(ФОТО) Били Ајлиш ги изненади фановите со својата драстична промена

19-годишната американска пејачка Били Ајлиш ги изненади бројните фанови ширум светот со својата драстична промена.

Били, својата препознатлива комбинација на црна и зелена боја на коса ја заменила со платинесто руса, а со ваквиот изглед се пофалила преку објава на Инстаграм. Фотографијата уште во првите 24 часа се најде помеѓу 10-те најлајкувани фотографии на сите времиња на оваа платформа.

„Штипнете ме“, напишала Ајлиш во описот.

Таа моментално се наоѓа на третото место, а зад себе остави ѕвезди како што се Кајли Џенер, Роналдо, Меси, Аријана Гранде… Моментално има неверојатни 20 милиони лајкови.

Коментарите постојано се нижат, а сите се воодушевени од промената на популарната пејачка.

„Ја обожуваме русокосата Били“, „Прекрасно“, „Може да ја има било која боја на коса и одлично да ѝ прилега“, се дел од бројните коментари под објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e