Познатиот холивудски глумец, Силвестер Сталоне на својот Инстаграм профил објавил фотографија со своите три ќерки, Скарлет, Систин и Софија со многу интересен опис.
Сталоне на фотографијата позира со своите ќерки околу него во нивниот семеен дом.
“Јас сум многу среќен човек кој има толку прекрасни деца кои ми носат голема радост. Сега би посакал да престанат да растат”, се пошегува Сталоне.
Фотографијата собра речиси милион лајкови, а неговите пријатели во коментарите пишуваат за тоа колку прекрасно семејство има и дека сигурно е горд на своите ќерки.