(ФОТО) Бајден ќе стане прадедо, се вери неговата внука Наоми

Наоми Бајден, внука на американскиот претседател Џо Бајден, се вери со момчето Питер Нил. Среќната вест парот ја потврди на Инстаграм.

Тие објавија заедничка фотографија на која се гледа вереничкиот прстен на раката на Наоми.

„Засекогаш“, напишала накратко 27-годишната Наоми во описот. Истата фотографија ја објавил и Питер.

Не е познато од кога точно двојката е во врска, но Page Six пишува дека тие се заедно повеќе од три години. Во 2019 година, Нил и го честитал роденденот на Наоми преку социјалните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e