По два развода, популарната Аврил Лавињ му дава нова шанса на бракот.
Аврил Лавињ се придружи на листата познати личности кои годинава го кажаа судбоносното „да“ на своите избраници.
Пејачката сподели низа фотографии кои настанале во срцето на Париз, под Ајфеловата кула, кога нејзиното момче, сега вереник Дерек Рајан Смит клекнал и ја прашал дали сака да му биде сопруга.
„Да, ќе те сакам засекогаш!“, напишала Аврил во описот на фотографијата на француски јазик.
Инаку, Аврил добила дијамантски прстен во облик на срце кој со гордост го покажала.
Таа и својот вереник се зближиле по снимањето на песната „Flames“. Тој за „Metro“ во февруари 2021 година изјавил дека сè започнало кога таа покажала интересирање за неговата музика. Како што објаснил, бил воодушевен затоа што ја смета за една од најдобрите во светот на музиката.