Македонската пејачка Ања Ветерова веќе неколку години живее во Америка.
Ања својата музичка кариера во Македонија ја започна уште додека беше дете настапувајќи на детските фестивали и претставувајќи ја Македонија на детската Евровизија.
Но, тоа мало девојче, денес е вистинска убавица.
Ања често знае да сподели и провокативни фотографии и видеа на социјалните мрежи, за кои долго после тоа се зборува.
Деновиве таа ужива во топлиот Мајами од каде сподели секси фотографии на кои позира само по градник и раскопчана кошула.