(ФОТО) Анџелина Џоли објави емотивно писмо на тинејџерка од Авганистан кое стигнало до неа

Актерката Анџелина Џоли отворила профил на Инстаграм, за да може да проговори за опасната ситуација во која се наоѓаат жените, девојките, децата, но и мажите во Авганистан.

Таа својата прва објава ја посвети на моменталната ситуација во Авганистан, односно сподели текст од писмо кое стигнало до неа а го напишала девојка од Авганистан.

„Ова е писмо кое го добив од тинејџерка во Авганистан. Моментално жителите на оваа земја ја губат способноста за комуникација на социјалните мрежи и можноста за слободно изразување. Затоа дојдов на Инстаграм, да ги споделам приказните и гласот на оние ширум светот кои се борат за своите основни човекови права“, напиша Анџелина покрај фотографијата со рачно напишаното писмо.

„Бев на границата со Авганистан две недели пред 11-ти септември, каде што се сретнав со авганистански бегалци кои бегаа од Талибанците. Тоа беше пред 20 години. Болно е да се гледа како Авганистанците се преселуваат од стравот и неизвесноста што ја зафатија нивната земја. Да потрошите толку време и пари, да се пролее крв и да се загубат животи само за тоа да се повтори, речиси е невозможно да се разбере. Со децении беше болно да се гледа како бегалците од Авганистан, некои од најспособните луѓе на светот ги третираат како товар. Знаејќи дека ако имаа услови и почит, ќе направат многу за себе. Запознав толку девојки и жени кои не само што сакаа да се образуваат, туку и се бореа за тоа. Ќе продолжам да барам начини да помогнам. И се надевам дека ќе ми се придружиш“, ѝ порачала на Анџелина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e