Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ објави провокативна фотографија на својот Инстаграм профил, собирајќи го целото внимание кон себе, особено од машкиот пол.
Имено таа се појави во досега невидено издание на кое позира пред огледало во кожен комплет составен од кратки кожени шорцеви и горен дел.
Таа позирајќи откри и дека подготвува нова фотосесија која се уште не ја објавила на социјалните мрежи.
-Приватно искрено се облекувам во најпристапните брендови. Не ми е важно колку тие чинат, важно ми е да ми се допаднат и да можам да ги склопам сите работи и секако добро да ми стојат, рече во една своја прилика ќерката на Цеца.