Пејачката Анастасија Ражнатовиќ е една од жестоките љубители на модата, а особено ужива да менува костими за капење. Бидејќи оваа година неколкупати била на годишен одмор, таа имала многу можности да ни го покаже својот вкус кога станува збор за стилот на плажа.
Анастасија преферира бикини, а сега ни покажа многу интересен модел со леопард дезен, чиј горен дел има многу долги ремени кои се вкрстуваат и се врзуваат напред.
На повеќе од 32.000 луѓе им се допадна фотографијата на Анастасија, а нејзините обожаватели не престануваат да ѝ даваат комплименти.