Александра Пријовиќ ја помина новогодишната ноќ работејќи во Бања Лука. Сепак, репризата на најлудата ноќ решила да ја помине во Белград, во белградски хотел каде што настапува.
Пејачката пристигна во хотелот неколку минути пред концертот, а нејзиниот стајлинг привлече големо внимание.
Таа заслепуваше во елегантен, долг светло црвен фустан со длабоко деколте.
Сепак, тоа не е се. Големо внимание привлече и нејзиното деколте, бидејќи нејзините облини беа во преден план.
Таа на настапот дошла во друштво на својот менаџер, кој и помогнал да се искачи по скалите со оглед на тоа дека носела штикли, по што ги поздравила новинарите.
На настапот на пејачката присуствуваа бројни јавни личности, меѓу кои и сопругот Филип Живојиновиќ, свекорот Боба Живојиновиќ, Тамара Ѓуриќ, Вук Моб, Јована Јеремиќ.