Адријана Лима на 12 јуни го слави својот 41 роденден, што за бразилската манекенка е од особено значење бидејќи на 42 години ќе го роди третото дете, а првото со момчето Андреа Лемерс. Бременоста на познатата убавица ја одбележаа и многу смели модни изданија, пред се на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.
Адријана Лима беше една од познатите гости на Канскиот филмски фестивал, а заедно со поранешниот ангел на Викторија Сикрет беше и нејзиниот партнер, филмскиот продуцент Андре Лемерс.
Убавата трудница на црвениот тепих блесна во неколку впечатливи изданија кои го максимизираа нејзиното трудничко тело.
Погледнете!