(ФОТО) Адријана Лима блесна во аутфит со диско вибрација

Адријана Лима плени со својот најнов моден избор.

Kреацијата што е невообичаена за женствената силуета, жолт мини-фустан украсен со детаљ во форма на светкава металик-ткаенина, скроен да штрчи на градите и едниот бут, е дизајн на либанскиот бренд за висока мода AZI & OSTA. Аутфитот со диско-вибрација фокусот го става на долгите, вити нозе на Адријана, кои дополнително се истакнуваа благодарение на златните сандали на Сара Флинт на тенка потпетица.
Сензуалниот изглед дополнително го истакнаа опавчето и белите висечки обетки. Својата природна убавина ја истакна со драматична шминка, вклучувајќи зачаден поглед и темноцрвен кармин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e