(ФОТО) Адел наполни 33 години и сподели фотографии во природно издание

По повод 33-от роденден ,Адел сподели серија приватни фотографии на својот Инстаграм профил, што ретко го прави.

На црно-белата фотографија, пејачката позира без никаква шминка. Таа објави и фотографија на која позира со раширени раце во морето, а на последната танцува со пуштена, брановидна коса.

Бројни следбеници и испратија честитки во коментарите, а многумина исто така се интересираат кога ќе објави нов албум.

„Каде е албумот? е коментар кој доби над четири илјади лајкови.


Иако Адел ретко се појавува во јавност во последно време, нејзиниот близок пријател Алан Кар за The Post изјави дека пејачката работи на нова музика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e