Кристијано Роналдо по долго време објави семејна фотографија на Инстаграм.
Тој позира со својата свршеница, моделот Георгина Родригез, 11-годишниот Кристијан Џуниор, близнаците Ева Марија и Матео и четиригодишната ќерка Алана Мартин.
Фотографијата е направена на ливада, а објавата на фудбалерот досега собра повеќе од девет милиони лајкови.
Инаку, Георгина и Роналдо моментално очекуваат близнаци, машко и женско.