Кајли Џенер дефинитивно знае како да го привлече вниманието. Реалити ѕвездата едноставно обожава да споделува фотографии на кои позира во разголено издание.
Неодамна таа повторно привлече големо внимание на социјалната мрежа Инстаграм откако објави фотографија на која позира во шарено провокативно бикини.
Кајли открива и дека ова предизвикувачко бикини е дел од нејзиниот бренд „Kyle Swim“ на чие лансирање работи моментално.
Фотографијата за само 24 часа добила речиси 11 милиони лајкови.
„Какво тело“, „Ова е многу возбудливо“, „Лудачки добро тело“, „Дали си реална“, биле само дел од коментарите под фотографијата.