Еве што му порача мајката на Роналдо после поразот од Србија

Португалија ја пропушти можноста директно да се пласира на Светското првенство и поразот од Србија ги испрати во бараж, а Кристијано Роналдо бил видно вознемирен. После неочекуваниот неуспех се огласи и неговата мајка.

Камерите го снимиле речиси расплаканиот Роналдо кој не можел да се помири со поразот, а потоа се огласи со порака на социјалните мрежи, порачувајќи им на португалските репрезентативци дека треба да знаат што треба да направат за да се најдат во Катар.

Исто така, мајката на Роналдо, Долорес Авеиро и понатаму верува дека ќе го гледа својот син како игра на Светското првенство и после натпреварот му испрати инспиративна порака на социјалните мрежи.


“Само напред сине, секогаш верувај”, напишала Долорес.

Португалија исто така ќе поминува низ бараж за да го пронајде својот пат до Мундијалот, а покрај тоа свое место за доигрување обезбедија и Македонија, Русија, Шкотска, Шведска, Италија и Полска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e