Еве кој ќе го замени кралот Чарлс ако се разболи или е надвор од земјата

Кралот Чарлс Трети ќе назначи пет државни советници кои ќе можат да го заменат кога е болен или надвор од државата.

Станува збор за неговата сопруга, кралицата Камила, и четворицата први во низата наследници кои имаат над 21 година – принцот Вилијам, принцот Џорџ, принцот Хари, принцот Ендру и принцезата Беатрис.

Назначувањето на принцот Ендру веројатно ќе изненади и шокира многумина, имајќи предвид дека тој повеќе не ги извршува кралските должности откако беше обвинет за сексуална злоупотреба во граѓански случај во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e