Ештон Кaчер со поддршка за Украинците

Актерот Ештон Качер се огласи на својот Твитер профил по повод војната во Украина, од каде што е неговата сопруга, актерката Мила Кунис.

„Јас стојам покрај Украина“; – објави кратко Качер.

Кунис е родена во украинскиот град Чернихив, а таму живеела до својата седма година, кога емигрирала во САД со родителите и братот.

„Моите родители имаа пристојни работни места. Имавме среќа. Не бевме сиромашни додека живеевме во поранешниот СССР, додека повеќето луѓе беа многу несреќни. Стигнавме во Њујорк во средата и до петокот наутро брат ми Мајкл и јас бевме во училиште во Лос Анџелес “, изјавила таа во една прилика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e