Ешли Грејам стана мајка на момчиња-близначиња

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Грејам, вчера на свет донела две момчиња. Среќната вест ја сподели на Инстаграм, каде нагласи дека се породила во својот дом.

„Џастин и јас сме многу среќни што можеме да споделиме со вас дека нашите момчиња дојдоа на свет. Родени се рано утрово, дома. Среќни се и здрави“, напишала Ешли, која не ги откри имињата на синовите.

Иако се чувствува добро, додава дека во следниот период ќе се посвети на нејзино закрепнување и на семејството.

„Ќе си земам некое време за да закрепнам и да му се посветам на сопругот и на нашите три момчиња, но едвај чекам да споделам со вас сè“, напишала таа.

Ешли првиот син Исак на свет го донесе во јануари, 2020-та година, а кратко потоа на изненадување на сите, објави дека е повторно бремена.

Пред таа бременост, постојано потенцираше колку сака проширување на семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e