Манекенката Емили Ратајковски (31) има нов партнер, судејќи по снимките кои се појавиле во јавност.
Како што пишува „Дејли Мејл“, таа е во врска со Џек Грир, а се појавила и нивна заедничка снимка.
Порано се шушкаше дека Емили излегува со комичарот Пит Дејвидсон, а биле и снимени како се бакнуваат. На почетокот на овој месец, изворот рекол дека нивната врска станува се поцврста и дека тие уживаат заедно.
Но, се чини дека тие не се официјално заедно, бидејќи Дејвидсон поминува време со друга девојка, колешката Суи Вондерс.