Еден и незаменлив – 18 години без Тоше

На денешен ден, во 2007-ма година, македонската и балканската музичка мега-ѕвезда Тоше Проески загинал во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка, во Хрватска.

Тој ги објавил албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004), „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“- хрватска верзија (2007), а изведувал и голем број странски хитови.

Тоше бил амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, а постхумно бил прогласен за почесен граѓанин на Македонија.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e