Ед Ширан тужен, но сепак најголемиот негов хит не е плагијат

Популарниот британски пејач Ед Ширан ја доби битката за авторски права за неговиот мегахит Shape of You од 2017 година.

Ширан е тужен од британскиот музичар Сами Чокри за прекршување на авторските права, обвинувајќи го дека украл парче од неговата песна од 2015 година, што славниот пејач од самиот почеток го негираше. Сега е одлучено дека пејачот и текстописец не одговараат за ваквите обвинувања.

Иако признал дека има сличности меѓу двете песни, судијата заклучил дека тие се само почетна точка за прекршување на авторските права, а во конечната одлука пресудил дека Ширан ниту намерно, ниту потсвесно ја копирал песната.

Испитувајќи ги музичките елементи подетално, судијата рече дека постојат разлики помеѓу релевантните делови од песната кои обезбедуваат убедлив доказ дека делот за кој Чокри тврди дека е „неверојатно сличен“ со рефренот на неговата сопствена песна, сепак доаѓа од други извори кои не се однесуваат на него.

Пред да започне судската постапка, Ширан, чиј хит Shape of You е најслушаната песна на Spotify досега, рече дека не се сеќава дека некогаш слушнал за Oh Why претходно. Исто така, пејачот негирал дека „позајмил“ идеи од непознатиот текстописец, инсистирајќи дека отсекогаш бил фер во признавањето на луѓето кои придонесуваат за неговата работа.

Ширан ја напишал песната со двајца соработници, Џон Мекдејд од Snow Patrol и продуцентот Стивен МекКатчеон, кои исто така негираат дека ја слушнале песната претходно. Судењето заврши по 11-дневно рочиште во Лондон минатиот месец, а адвокатот на Ширан рече дека случајот е длабоко трауматичен за пејачот и неговите соработници, но за среќа сега е при крај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e