Џони Деп руши рекорди, отвори профил на популарна мрежа и собра 4 милиони следбеници за помалку од 24 часа

Откако поротата донесе одлука во корист на познатиот актер на судењето на неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Џони Деп отвори профил на моментално најпопуларната социјална мрежа, Тик Ток.

Деп направи профил на Тик Ток и за помалку од еден ден собра голем број следбеници.

Имено, моментално го следат повеќе од 4 милиони луѓе, а бројката се зголемува од час во час.

Џони во описот на профилот накратко напиша: „Повремен актер“.

Откако го отвори профилот, актерот се огласи и на него, за прв пат по судењето. Видеото се состои од кратки клипови на кои се прикажани Џони и неговите обожаватели.

Некои од снимките се направени за време на судењето со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, а дел за време на концертите на кои настапувал.

На овој начин, актерот им се заблагодари на сите кои го поддржуваа во текот на шестнеделното судење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e