После губењето на 45 килограми, Џесика Симпсон за време на гостувањето во „The Real“ шоуто ја открила тајната за успех во процесот на слабеење.
Трите бремености оставиле трага на линијата на Симпсон. Иако и претходно имала промени во килажата, никогаш не отишла волку далеку. После третата бременост имала 110 килограми.
Таа не се срамела од своите килограми, но признала дека чувствува дека е време за прослава после губењето на 45-те килограми.
„Па, ми требаа три години. Верувам во поставување мали цели. Тоа ми помогна да ја исполнам главната. Одлучив да се фотографирам во костим за капење бидејќи бев горда на себе. Го исполнив она што изгледаше невозможно. Многу се здебелувам за време на бременост. Ја славам, но последната беше навистина тешка. Не знам дали тоа е поради возраста или хормоните“, рекла Џесика.
Харли Пастернак, тренерот на Џесика, во една прилика открил како таа ги постигнала кондиционите цели. Го следела планот за исхрана на Пастернак, за ресетирање на телото, кој вклучувал три оброци дневно богати со протеини, влакна и масти.