Џенифер Лопез неодамна откри нови детали од својот живот, кои ја изненадија јавноста. Во документарниот филм „The Greatest Love Story Ever“, кој премиерно беше прикажан во вторникот, 54-годишната пејачка откри помалку познати детали од нејзиниот живот.
Документарецот го открива нејзиниот драматичен пат до славата, односно ситуациите со кои морала да се соочи за да биде успешна, бидејќи имала многу тешко детство додека живеела во Бронкс.
Пејачката открила и каков однос имала со родителите, тврдејќи дека не добивала доволно љубов, поради што решила да стане вредна за да го привлече вниманието и довербата на нејзините родители Гвадалупе Родригез и Давид Лопез.
„Не бев ниту најстара, ниту најмлада, бев во средина“, објаснила таа, наведувајќи дека пораснала со „нарцисоидна мајка“, додека татко ѝ го нарекла „емоционално недостапен“ кој работел во текот на ноќта, а спиел во текот на денот.
Нејзините родители не се појавуваат во документарецот, но кога се споменуваат, се прикажуваат нивните фотографии. Ова откритие за нејзината мајка е изненадувачко, со оглед на тоа што се многу блиски.
Џенифер претходно зборуваше за нејзиниот проблематичен однос со мајка ѝ во документарниот филм „Halftime“ од 2022 година.
„Мајка ми е супер комплицирана жена и носи голем товар, а сакаше да бидеме самостојни и никогаш да не зависиме од маж. Таа го направи она што требаше да го направи за да преживее и тоа ја направи силна, но и жилава. Нè тепаше“, изјави Џеј Ло тогаш.
Што се однесува до односот со нејзиниот татко, актерката изјавила дека имаат блиски односи и покрај тоа што нејзините родители се развеле, а тој повторно се оженил. Таа го поткрепи тоа тврдење со споделување објава минатата година во која му го честиташе Денот на таткото на нејзиниот татко, пишувајќи дека го сака.
Голем дел од новиот документарец на Џенифер зборува за тоа како таа ги надминала емоционалните недостатоци од детството за да ја пронајде вистинската љубов, по три неуспешни бракови и години терапија.