Џенифер Лопез и Бен Афлек повеќе не живеат заедно, парот минува низ криза?

Бракот на Бен Афлек и Џенифер Лопез минува низ криза, пишуваат американските медиуми, а гласините за проблеми се сè погласни, бидејќи парот веќе не живее заедно само два месеци по венчавката.

Она што на почетокот изгледаше како совршена љубовна приказна меѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек, наводно почнало да покажува сериозни проблеми.

Парот повторно се сврши оваа година, а набрзо се венчаа, но кратко потоа наводно Џенифер и Бен почнале да се расправаат.

Латино дивата и режисерот на филмот „Арго“ наводно не живеат заедно под ист покрив, поради бројните конфликти и разлики кои се актуелни последните недели.

Наводно, само Џенифер моментално живее во вилата во која ја прославиле својата венчавка, бидејќи несогласувањата меѓу парот произлегуваат од однесувањето на Афлек кон неговата нова сопруга. Поради ова Бен го напуштил својот дом, а за да се врати таму мора да исполни низа услови поставени од Џенифер Лопез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e