(Видео) Џенифер Анистон во реклама за Fly Emirates

Големите компании често знаат да снимат реклами во кои гостуваат познати личности од шоу бизнисот со цел што поголем успех на кампањата. На ваков чекор се одлучиле и „Fly Emirates“ ангажирајќи ја Џенифер Анистон за својата реклама.

Покрај неа главен јунак во целата приказна е малечкиот Купер кој играјќи си со својот авион играчка некако успева да дојде до делот за прва класа.

Џенифер враќајќи се на своето место го забележува малечкиот гостин кој и објаснува дека сака да стане пилот на токму таков авион бидејќи тој е најдобар.

Таа го прашува дали смее да биде негов копилот и после потврдниот одговор тргнуваат на патување кое завршува со „слетување“ во економската класа каде ги пречекуваат зачудените погледи на родителите на Купер.

Сфаќајќи колку е забавно да се лета во економска класа на крајот Џенифер го менува своето место и останува да се дружи со Купер, оставајќи ја мајката да ужива во сè она кое го нуди првата класа.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e