Џенифер Анистон скршена од болка: Се искачи во небесата во мир – и без болка

Џенифер Анистон на Инстаграм објави дека нејзиниот татко, Џон Ентони Анистон, починал во петокот на 89-годишна возраст.

Актерката (53) на Инстаграм му оддаде почит на својот татко со серија заеднички фотографии.

„Драг… Џон Ентони Анистон. Ти беше еден од најубавите луѓе што некогаш ги познавав. Толку сум благодарна што се искачи во небесата во мир – и без болка. И тоа на 11.11 ни помалку ни повеќе.

Секогаш имаше совршен тајминг. Таа бројка сега ќе има уште поголемо значење за мене. Ќе те сакам до крајот на времето. Не заборавај да ме посетиш некогаш“, напиша Џенифер Анистон на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e